Дермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење.
Дермоабразијата е неинвазивен третман при кој контролирано се отстрануваат изумрените клетки од површината на кожата на епидермисот. Целта е да се отстрани старата кожа со сите несовршености како и несакани појави и промени кои настанале во процесот на стареење. Третманот поттикнува микроциркулација бидејќи работи на принцип на вакум . Се стимулира раѓање на нови клетки и обновување на кожата. Се постигнува голем ефект во ремоделирање на кожата. По третманот ќе се зголеми апсорцијата на кожата за нанесувањето на ампулата и маските кои се составен дел од третманот. Со овој апарат можат да се третираат сите делови на кожата: лицето, градите и секаде кај што е потребно. Со третманот се постигнуваат успешни резултати во:
Третманот се прави во период од месец октомври до април, кога сонцето е помалку присутно. Се препорачуваат 10 третмани во континуитет, еднаш неделно. По серија од 10 третмани, препорачливо е да се прави кратка микродермоабразија секој месец во склоп на класичниот хигиенски третман.
Еднаш годишно се прави како тераписки третман за сите типови на кожа, превентивно така што ќе се замени периферната кожа со нова која има подобра структура. Тоа ќе го успори процесот на стареење.