Масажа со топли вулкански камења се користи за релаксирање и опуштање на мускулите и оштетените меки ткива на телото. За време на оваа масажа, камењата се ставаат на одредени делови на телото. Масажата со топли вулкански камења помага при ослободување од болката на мускулите, го намалува стресот, го подобрува спиењето и имунитетот.