Лифтингот на трепки е безбеден и брз третман кој се работи во 3 фази, подигнување, виткање и боење на природните трепки, без нивно оштетување. Го заменува секојдневното нанесување на маскара, а крајниот ефект е подигнати трепки и ефект на маскара.
Ламинирањето на веѓите е третман на обликот на веѓите со поставување на влакната на место со помош на хемиски раствор. Третманот е целосно безболен. Вашите веѓи ќе бидат подигнати, пополни и посјајни. Резултатите траат од три до пет недели.