ЗАКАЖИ ТРЕТМАН

избери локација

Липоласер

Липоласерот е апарат за слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди со 76 ласерски ладни црвени зраци, истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на енегијата која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит.

Липо ласерот е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди со 76 ласерски ладни црвени зраци, истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на енергијата која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза.

Системот на липо ласер емитува ладна ласерска енергија во ткивата на телото. Со апсорбирање на енергијата, мастите во клетките стануват пропустливи, а потоа се канализираат надвор од телото. Липо ласерот ги отстранува телесните масти неповратно, без да влијае на околните ткива и на кожата.
Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти. Со помош на истиот се ослободува мобилната содржина на масти од клетките. Ослободувањето на мастите од содржината на клетката е резултат на нарушување на мембраната на клетката и нејзината пропустливост. Ваквото нарушување на мембраната е наречено преодна пора од ласерската стимулација.

Пријатен третман и сосема безбеден метод за слабеење. За неколку недели овој третман помага да се изгубат во просек од 5-6 см од колковите и бутовите.
Се препорачуваат 10 третмани – три пати неделно по еден третман.

По завршување на третманот, потребно е да се направи лимфна дренажа на регијата која се третира и се препорачува физичка активност најмалку половина час на ден.

Loading...
Loading...