Целта на класичниот маникир е ноктите да бидат здрави, чисти и уредно потсечени и убликувани.
Се уредуваат кутикулите и се нанесува негувателно масло. Ќе уживате во прекрасно релаксирачка масажа на рацете. На крај се нанесува парафин.
Процесот на нанесување парафин е едноставен. Парафинскиот восок се топи до температура што е безбедна за рацете. Се потопуваат рацете целосно во парафинскиот восок неколку секунди и потоа се вадат надвор, дозволувајќи им целосно да се исушат.
Парафинот ја зголемува еластичноста на кожата, и ја прави кожата на рацете помека.