Со масажа на лицето и нејзините движења ќе се зголеми циркулацијата, ќе се издренираат лимфните жлезди со што ќе се намали отокот на лицето, и ќе се подигнат контурите на јаболчниците. Таа е како природен лифтинг. Доколку се прави секојдневно, кожата ќе биде помлада, поцврста и рамномерно тонирана.