.

Сон на секоја невеста е за својата венчавка да изгледа беспрекорно убаво.
Невестинската фризура е една од најбитните компоненти за нејзиниот изглед. Изборот на фризурата секогаш треба да биде правото нешто за да целокупниот изглед биде совршен.
Креативноста може да оди до бесконечност. Комбинирајте од класично собрана коса до сјајни и елегантни фризури , па се до романтичните кадрици во полусобрана форма и високо подигнати фризури со додаток на авангардност и уникатност.
Секако ретро стилот или пак стилот на Холивудските диви од 40-тите па се до 60-тите може да биде полн погодок за најубавта вечер во Вашиот живот.
Доколку сакате да заблескате во сјајот на бајките одберете фризура стилизирана во меки кадрици во комбинација со украси од природно цвеќе, круна со блексави камења или траки од свиленкасти материјали.

Loading...