.

Шишањето како начин на стилизирање и потреба за здрава и убава коса датира  уште многу одамна.

Доколку се вратиме многу години наназад можеме да дојдеме до сознание дека шишањето  во тие времиња било наменето и дозволено само за луѓе од повисокиот ранг како кралеви,кралици и разно владетели.

Инаку потекнува од стариот Египет, но во тоа време шишањето било еден вид на обележје за луѓето од повисокиот ранг.  Египетските кралици меѓу кои и најпознатата во историјата Клеопатра, секогаш практикувале потстрижување на косата што за нив го правеле робинките.

Клеопатра до ден денес служи како пример за популарната и безвременска фризура, потсрижена со густи кркми до над веѓите и остро и рамна пресечена коса.

Но во денешно време шишањето како гранка кулминира и оди во многу повисоки стази во светот на модата, а и во секојдневниот живот.

Степен , рамна, кратка потстижена во машки фазон, асиметрична или коса потстрижена во најпопуларниот Лондонски и модерен  Street Style, се само еден од начините за потстрижување на косата.

Да не се изостави фактот дека колку од аспект на мода, шишањето игра и голема улога за негувана и здрава коса.

Доброто и квалитетно шишање секогаш го следи обликот и цртите на лицето , квалитетот на косата, олеснување на клиентот при одржување и облик на косата.

Шишањето секогаш треба да претставува сплет на модерно , урбано , различно и ефектно обликување на Вашата коса.

Loading...