Tоплата депилација вклучува загревање и топење на восокот, по што се нанесува на кожата со шпатула. Се нанесува погусто на кожата и не бара ленти за отстранување на восокот. Влакната цврсто се вградуваат во восокот додека се лади. Откако ќе се стегне, восокот потоа може рачно да се отстрани во едно парче. Влакненцата се извлекуваат од коренот и кожата останува мазна во текот на 2 недели.