.

Во контекст на естетиката, радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови. На периферијата на кожата се создава температура од 40 степени, додека во поткожното ниво температурата е до 60 степени. Нејзиното дејство е такво што ги користи ниските бранови од радиофренквенцијата од 3 КHz (килохерци) – 300 MHz (мегахерци), кои со ниска фреквенција овозможуваат одлични резултати.

Биполарната радиофренквенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат. Ова е поусовршен метод на радиофренквенција каде целата енергија е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофренквенција е што може да се постигне истовремено третирање и во длабоките и на површните слоеви на кожата. Поради тоа, третманот е безболен и пријатен, давајќи моментални резултати за многу краток временски период.

Целулитот претставува спор дегенеративен процес, кој се одвива во поткожното масно ткиво и се манифестира на површината на кожата во облик на кора од портокал. Денес повеќе од 80 % од девојките над 18- годишна возраст се опфатени со некоја фаза на целулит, дури и оние со мала телесна тежина.Површината на кожата во облик на кора од портокал најчесто се наоѓа на бутините, задникот и стомакот.

Локалното загревање на тие површини ја зголемува количината на течни масти, кои што се ослободуваат со загревање на ткивото. Со помош на оваа технологија, ефикасно се третира целулитот во неговиот центар. Оваа врвна технологија селективно ги загрева масните клетки под кожата, без оштетување на околното ткиво. Благодарение на комбинирањето на биполарната радиофренквенција, во еден апликатор во исто време се загреваат и површните и длабоките масни слоеви.. Освен редукција на целулит и масни наслаги, содржи и програма за затегање на кожата на лицето и телото. Со селективното електро-загревање при самиот третман, се овозможува пенетрација на радиобрановите во длабоките слоеви на епидермисот и дермисот без оштетување на здравите ткива.

Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо..

Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа. Потребни се од 5 до 8 третмани за максимални резултати.

Закажи третман во салонот аеродром

Loading...

Закажи третман во салонот водно

Loading...