ЗАКАЖИ ТРЕТМАН

избери локација

Третман Окси Систем

ОКСИ систем е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото.
Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата.

ОКСИ систем е технолошки најнапреден систем за дермоинфузија на кожата со 98% кислород. Третман за оксигенизација и регенерација на кожата на лицето и телото.

КИСЛОРОДОТ- основен елемент за здравје нa кожата.

Кислородот е неопходен за здравјето на кожата . Тој е еден вид на гориво за развој на сите клетки во нашиот организам. Колку повеќе го има во клетките, тие се поактивни. Овозможува клеточен метаболизам. Снабдувањето на кожата со кислород е основен услов за настанувње на нови клетки на кожата. Тој ја стимулира синтезата на колаген и еластин , влијае во снабдување на хидратација, го подобрува имунитетот, ја јакне заштитата на кожата, го поттикнува исфрлањето на токсините и го подобрува дишењето на кожата.

Различни се факторите поради кои на кожата најчесто и недостасува кислород. Еден од главните е процесот на стареење, поради кој се намалува протокот на крв во капиларите, а ослабената микроциркулација постепено ја ослабува оксигенизацијата. Во текот на човековиот живот снабдувањето на кожата со кислородот драстично се намалува и тоа е еден од факторите да побрзо стареење. На малата снабденост на кожата со кислород дополнително влијае и загадената животна средина и лошите животни навики. Во 30-те години од животот оксигенизацијата на кожата се намалува за 25% , додека во 50-те дури до 50%. Како резултат на сето тоа кожата манифестира несакани состојби .

Доколку имате: дехидрирана, уморна кожа , подочници, неизедначен тен, пигментации, намален праг на чуствителност, слаб тонус, се подлабоки и изразени црти и брчки Вие сте вистинскиот кандидат за овој третман со кислород.

Со овој метод можете да го сопрете процесот на стареење на природен начин. Овозможете и кислород и живот на кожата.

Loading...
Loading...