.

Picosecond ласерот е првиот од новата генерација на технологија за естетска употреба. Преку моќна ласерска енергија, пигментот во ткивото на кожата се разбива и, со својата прецизност и брзина, со само 3 до 4 третмани, се постигнува потполно отстранување на секаков пигмент од трајна шминка и тетоважа на кожата.

Резултатот кој се постигнува е целосно отстранување на тетоважа и пигмент кај сите типови на боја на кожа. Преку специјализирана фракциона леќа, Picosecond ласерот може да ја претвори ласерската енергија во благ притисок за создавање нов колаген, со притискање на клетките и активирање на природна клетка без горење или оштетување на кожата.

На овој начин, со Picosecond ласерот се добива потполно безболен третман без анестезија, без воспаление, а кожата заздравува веднаш по третманот, за разлика од претходните ласери кај кои кожата заздравува од 7 до 8 дена, третманот е многу болен и потребни се многу сесии за отстранување на пигментот кој не секогаш се вади целосно.

Резултатите од отстранувањето на тетоважата се трајни.

Ултра-брзите импулси работат на минимизирање на количината на топлина што се пренесува. Наместо градење или билдање на топлина, Picosecond ласерот испорачува енергија толку брзо што ситните делови од пигмент од шминка и мастило од тетоважа вибрираат и се распарчуваат во најситни делови како прашина, без да се изгори околното ткиво, а кожата може да ги исфрли преку лимфниот систем. Picosecond ласерот работи со помалку топлина и има помал ризик за оштетување на околната кожа. Покрај вадење на тетоважи, може да ја постигне целта да ги реши речиси сите видови пигменти и дава подобар ефект од традиционалниот ласер за белење на пигмент.

Опсег на третманот

-Тетоважа на тело, тетоважа на веѓи и линија на усни.
-Пигмент на епидермисот.
– Nevus of Ota и белег при раѓање.
-Пеги, старачки пигменти, пигменти од фото оштетување, флеки од сонце.
-Подмладување на кожата, белење и обновување на површината на кожата.
-Чистење на маснотијата на кожата и смалување на порите.

 

Закажи третман во салон Аеродром


Loading...